Екипата на ПСЖ убедлива против Порто во Лигата на шампионите со конечни 39-30. Најефикасен во составот на ПСЖ беше Камил Шипжак со девет погодоци, додека голманот Никола Митревски забележа три интервенци на голот, а најефикасен беше Круз со пет погодоци.
Веспрем му врати на Мотор Запорожје за поразот во Украина (36-29). Најдобар стрелец за Веспрем беше Маргуч со девет погодоци, додека кај Мотор Запорожје беше Бохан со осум погодоци.
Фленсбург и со 12 ракометари во составот успеа да го совлада Динамо Букурешт на гостински терен со конечни 28-20. Најефикасен во Фленсбург беше Ханс Менсинг со девет погодоци, кај Динамо Букурешт беше Раул Кампос со пет погодоци.
Резултати од 8. коло од Лигата на шампионите (мажи):
Веспрем 36-29 Мотор Запорожје
Динамо Букурешт 20-29 Фленсбург
Вардар 1961 27-30 Пик Сегед
Порто 30-39 ПСЖ
Алборг 35-33 Кил
Киелце 29-27 Барселона
Монпелје 39-32 Елверум
ППД Загреб 31-24 Мешков Брест

(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷