Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот со екипата на Вардар 1961.
Продажбата ќе се одвива денеска од 16 часот од пред спортската сала “Боро Чурлевски” на два засебни пулта на кои ќе се продаваат засебно билети за јужна и северна трибина по цена од 200 денари. Исто така на платото пред спортската сала ќе биде организирана и продажба на билети со поволности на трет засебен пулт. На овој пулт билет ќе може да купи цена од 200 денари секој верен навивач на Рк Еурофарм Пелистер кој ќе даде доказ за набавени најмалку 10 билети за претходните натпревари на клубот во сезоната 2022/23.
Како доказ ќе се прифаќа само копија од набавените билети (електронски купени) или потврдени банкарски трансакции. Исто така на третиот пулт ќе може да се набави комплет (оргинал дрес на Рк Еурофарм Пелистер + билет за натпреварот по цена од 2000 ден).

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷