Пуштени во продажба билетите за дербито меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер

За домашниот натпревар од плеј-офот на ракометно првенство на Македонија, каде Вардар 1961 треба да го пречека Еурофарм Пелистер, од денеска во продажба се пуштени билетите за истиот натпревар.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е закажан за 9 април 2024 година со почеток во 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански”, во Скопје.

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister_april и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа. Билетите се: 200, 250 и 350 денари во зависност од местото на седење во салата и блоковите.

За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет, или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн (може и во ПДФ формат на вашиот телефон).

Продажба на билети за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести