Европската ракометна куќа (ЕХФ) ги пушти во продажба билетите за Европското првенство во 2022 година во женска конкуренција што ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Репрезентацијата на Македонија своите натпревари ќе ги игра во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје, а можи да ја бодрите репрезентацијата за 40, 65 или 80 евра.
Билетите за натпреварите од главната рунда ќе чинат 75, 110 и 165 евра во зависност од категоријата. ЕХФ во продажба пушти и пакет билети за двете групни фази, а истите чинат 115, 175 и 245 евра.
Билети можи да купите на следниот линк:
(фото-РФМ)📷