Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови во пресрет на баражот за пласман на СП 2025 година.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува на ден 15.04.2024 година (понеделник) во 12:00 часот онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови е 200 и 300 денари.

(фото – РФМ)📷