Во продажба се билетите за натпреварот меѓу екипите на Охрид и Тиквеш во рамки од Супер лигата.
Поради големиот интерес, картите за натпреварот со Тиквеш од петок, 27 септември од 10 часот, покрај на касата при спортската сала „Билјанини извори“, ќе се продаваат и во чаршијата на добро познатата локација кај Аждер.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Тиквеш ќе се одигра во салата “Билјанини Извори”, во Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷