Пуштени во продажба билетите за натпреварот меѓу Вардар и Валур во Лигата на Европа

Вардар ги почнува натпреварите од групната фаза во Лига Европа и прв ривал е тимот на Валур од Исланд.

Од денеска се пуштени во продажба и поединечните билети за тој дуел. Мечот е закажан за во вторник, 8 октомври 2024 година во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, Скопје.

Продажбата ќе се одвива онлајн https://mktickets.mk/event/vardar-1961-valur/ и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС – https://mktickets.mk/prodazna-mreza/.

Важат и сезонските билети што се купени. На денот на натпреварот од 15 часот ќе се продаваат билети и пред салата во билетарницата. Цената на билетите е 300 денари и 400 денари.

(фото – Рк Вардар 1961)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *