Продажбата на карти за дерби натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид стартува денеска од 12 часот во охридската чаршија “Кај Аждер” и пред самиот натпревар на билетарата во спортската сала „Билјанини Извори“.
“Поради ограничениот број на карти во продажба, тие што поседуваат сезонски карти, пред натпреварот да се обратат на билетара за да им се издадат карти за натпреварот”, – изјавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷