Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денес ги пушти влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Португалија, во рамки од квалификациите за ЕП 2024 година.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува денес (06.03.2023) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Португалија е 100 и 200 денари.

(фото – РФМ)📷