Од денеска почнува продажбата на карти за дерби натпреварот од ракометната Супер лига меѓу Охрид и Алкалоид, што се игра на 17 септември, недела, во салата „Билјанини Извори” со почеток во 18:30 часот.
Картите ќе се продаваат во охридската чаршија кај Аждер и на билетарата во спортската сала „Билјанини Извори”, секој ден до натпреварот, од 12 часот. За најбрзите купувачи следат изненадувања од тимот на Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷