Екипата на Вардар ги пушти во продажба билетите за дерби натпреварот со Алкалоид во 1. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Алкалоид ќе се одигра на 2 април во среда со почеток од 19:00 часот во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје.
Билетите се по цена од 100, 150 и 200 денари во зависност од местата. Приходот на билетите ќе биде наменет за настраданите во пожарот во Кочани.

(фото – Рк Вардар 1961)📷