Екипата на Охрид на социјалните мрежи објави дека пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Вардар во плеј-офот од Супер лигата.
“Картите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес на билетарата во спортската сала „Билјанини извори“ и истите ќе може да се купат секој ден во период од 18 до 20ч”, – објавија од ГРК Охрид.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Вардар ќе се одигра на 25 мај во недела со почеток од 18:30 часот.

(фото – ГРК Охрид)📷