Вардар ги почнува натпреварите во групната фаза од Лига Европа, а првиот домашен меч е против хрватскиот тим Сесвете.
Натпреварот е закажан за 14 октомври (вторник) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.
Во продажба се пуштени билетите за натпреварот меѓу Вардар и Сесвете по цена од 200, 250 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








