Ракометарите на Работнички забележаа победа на свој терен против екипата на Преспа со убедливи 33-23.
Екипата на Работнички на полувреме замина со водство од три гола разлика 15-12. Во вториот дел Работнички направи добра серија и го доби натпреварот со Преспа.
Најефикасен во екипата на Работнички беше Давид Димевски со осум погодоци, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Били Мишевски исто така со осум погодоци.
Рк Работнички 33-23 Рк Преспа 2015
(фото-Рк Работнички)📷