Ракометарите на Работнички триумфираа на гостувањето во Велес кај екипата на Борец во натпревар од Првата лига, гостите прославија победа со резултат 28-26.
Во првото полувреме двете екипи го менуваа водството, по голема и тешка борба полувремето им припадна на ракометарите на Борец со 16-13.
Второто полувреме исто така беше изедначено, двете екипи пак го менуваа водството. Но на крај екипата на Работнички извојува победа од два гола разлика и од Велес си замина со три бода и победа.
Најефикасен во составот на Работнички беше Давид Димевски со десет погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Филип Сиљанов со пет погодоци.
ГРК Борец 26-28 Рк Работнички
(фото-Рк Работнички)