Работнички со убедлив триумф на гостувањето во Гевгелија кај екипата на Партизан

Екипата на Работнички триумфираше на гостински терен кај екипата на Партизан Гевгелија со убедливи 23-38 во натпревар од Првата лига.

Гостите направија добра серија во првото полувреме и таа серија ја зачуваа и во второто полувреме за на крај гостите од Скопје да забележат убедлива победа.

Најдобар стрелец во составот на Работнички беше Давид Димевски со девет погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најдобар стрелец беше Горан Лисичков исто така со девет погодоци.

(фото-Рк Работнички)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.