Раде Стојановиќ го објави списокот кај младинците за ЕХФ Неделата

Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објавија списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари.

Во рамки на ЕХФ националната недела нашата младинска репрезентација ќе одигра пријателски средби против репрезентациите на Полска и Алжир.

Пријателските средби ќе бидат одиграни во полскиот град Олецко, а нашата младинска селекција на 13.03.2025 година ќе го одигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Полска, а ден подоцна ќе одигра уште една пријателска средба против селекцијата на Алжир.

На списокот повикани се 17 ракометари. Собирот е закажан на ден 10.03.2025 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2025/03/spisok-na-mashka-mladinska-reprezentaczija-za-sobir-mart-2025.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *