Селекторот на машката кадетска репрезентација Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список на кадети за настап на ЕХФ шампионатот во Рига (Летонија).
На поширокиот список се најдоа 30 ракометари, а првиот собир е на 25 јуни во 13:00 часот во Скопје во хотелот Карпош.
Селекцијата на Македонија на ЕХФ шампионатот е во група со селекциите на Летонија, Турција и Косово. Шампионатот се игра во Рига (Летонија).
(фото-РФМ)📷