Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација, Раде Стојановиќ го објавуваат списокот на повикани за претстојното СП 2025 година за младинци.
На списокот повикани се 20 ракометари. Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 08.05.2025 година е предвиден натпревар против младинската екипа на Бутел Скопје, ден подоцна против Вардар 1961 или Тинекс Пролет.

(фото – РФМ)📷