Македонскиот тренер Раде Стојановиќ на крајот од сезоната си заминува од тимот на Тримо Требње и ќе има нов предизвик во својата тренерска кариера.
Тренерот Раде Стојановиќ оваа сезона има одлични резултати и е во трка за титулата во Словенија.
“Како што се ближи крајот на оваа сезона, така се ближи и мојот престој како главен тренер на РК Тримо Требње. Навистина сум благодарен за можноста, соработката и сите искуства што ги стекнав со мене”, – напиша на социјалните мрежи тренерот Раде Стојановиќ.
(фото – Рк Тримо Требње)📷