Екипата на Радовиш забележа победа на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓорче Петров со 33-27 во плеј-офот од Првата лига.
Иако на полувреме беше нерешено со 16-16, сепак во второто полувреме Радовиш го презеде водството, па на крај триумфираше против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Зоран Стојановски со 11 погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Стефан Нацев со 8 погодоци.
(фото – Рк Радовиш)📷