Составот на Радовиш забележа победа на домашен терен против тимот на Прилеп со резултат 25-23 и останува во Супер лигата и следната сезона.
Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, но екипата на Радовиш успеа да го преземи водството на полувреме од 14-12. Во второто полувреме исто така беше неизвесно и драматично но сепак Радовиш успеа да го совлада Прилеп.
Најдобар стрелец во екипата на Радовиш беше Здравко Постолов со десет погодоци, додека кај екипата на Прилеп најдобар стрелец беше Реваз Чантурија со осум погодоци.
(фото-Рк Радовиш)📷