Екипата на Радовиш ја забележа првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Струга со 33-30.
Радовиш го имаше водството и на полувреме со резултат 17-15. Во второто полувреме беше неизвесно, но сепак на крај Радовиш успеа да ја надигра Струга.
Најдобар стрелец во тимот на Радовиш беше Здравко Постолов со девет гола, додека кај Струга најдобар стрелец беше Александар Стојков со десет гола.
(фото – Рк Радовиш)📷