Радовиш се раздели со тренерот Спасе Ѓорѓиев и ракометарот Здравко Постолов

Екипата на Радовиш во продолжението од сезоната во плеј-аутот од Супер лигата ќе има нов тренер.

Тимот на Радовиш се раздели со тренерот Спасе Ѓорѓиев и ракометарот Здравко Постолов.

“Ракометниот клуб Радовиш ја информира јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот на екипата Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот.

Ваквата одлука е донесена поради нивното дејствување како основачи на нов ракометен клуб во градот, реализирано на начин што РК Радовиш го оценува како неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи.

Со оваа постапка е нанесена директна штета врз угледот и интегритетот на клубот, кој со години вложуваше значителни ресурси и доверба во нивниот развој како спортисти и професионалци.

РК Радовиш, како клуб со долгогодишна традиција и значајно место во Супер лигата, нема да толерира дејствија што го нарушуваат неговиот кредибилитет и вредносен систем.

Во иднина, клубот ќе продолжи да делува принципиелно, со јасна определба за заштита на сопствените интереси и зачувување на угледот”, – објавија на социјалните мрежи од Рк Радовиш.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *