Екипата на Радовиш ги започна тренинзите во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона.
Тренинзите се реализираат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, а екипата е комплетна со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на клубот.
Нови имиња во екипата на Радовиш се Славе Јанковски кој игра на позицијата лево крило, а доаѓа од екипата на Голден Арт, Петар Стојаноски кој игра на позицијата бек, доаѓа исто така од Голден Арт и Марко Стојанов кој исто така игра на позицијата бек, а минатата сезона настапуваше за Бутел Скопје.
Тренерскиот тандем Долдуров-Ѓоргиев и управата најавија уште неколку засилувања кои дополнително ќе ги претстават.
(фото – Рк Радовиш)📷