Ракометарите на Радовиш остварија убедлива победа против ракометарите на Скопје 2020 со високи 44-19 во Купот на Македонија.
Составот на Радовиш од почетокот на натпреварот направи високо водство, па до крај немаше проблеми против тимот на Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Славе Јанковски со 16 погодоци, додека кај Скопје 2020 најефикасни беа Дарко Рангелов, Александар Антиќ и Тео Радуловиќ Кузманов со по три погодоци.
(фото – Рк Радовиш)📷