Екипата на Радовиш триумфираше против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со минимални 27-26 во баражот и се пласираше во Супер лигата следната сезона.
Иако на полувреме Еурофарм Пелистер 2 имаше водство од 14-9, сепак во второто полувреме беше неизвесно и драматично, па на крај Радовиш да слави победа.
Најефикасен кај Радовиш беше Здравко Постолов со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Богдан Мијушковиќ со седум гола.

(фото – Рк Радовиш)📷