Екипата на Радовиш забележа победа против Металург РА со 26-23 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.
Тимот на Радовиш, и на полувреме имаше предност од 11-9. Во второто полувреме продолжи со добрата игра, па на крај да се радува на победа против Металург РА.
Најефикасни во тимот на Радовиш беа Васе Петров, Здравко Постолов и Иван Митревски со по четири гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со осум гола.
(фото – Рк Радовиш)📷