Радовиш триумфираше против Овче Поле во Првата лига

Екипата на Радовиш продолжува со победите во Првата лига, откако на гостински терен го доби тимот на Овче Поле со 30-24.

Тимот на Радовиш од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Овче Поле.

Најефикасен во тимот на Радовиш беше Зоран Стојановски со 10 гола, додека кај екипата на Овче Поле најефикасни беа Борјан Цековски и Кристијан Стаменков со по 7 гола.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.