Претседателот на Киелце, Бертус Сервас на прес конференција соопшти дека на клубот му се потребни нови спонзори, за да не доживее банкрот.
Вработените и ракометарите во клубот неколку месеци немаат земено плата, а Киелце ќе остане без главниот спонзор.
“Управниот одбор и вработените многу напорно работат на понатамошното опстојување на клубот на европско ниво. Не е лесно бидејќи првите средства во процесот на одржување на тимот се потребни на почетокот на новата година. Потоа ќе имаме рок до крајот на јануари да најдеме нов спонзор за титулата за тимот. Денеска сè уште го немаме” – изјави претседателот Бертус Сервас.
(фото – Рк Киелце)📷