Раководството на Ракометната федерација на Македонија беше во посета на канцеларијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и генералниот секретар, Влатко Тасевски, остварија средба со претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер и генералниот секретар на ЕХФ, Марин Хауслајтнер.
На средбата се разговараше за развојот на ракометот, како и за претстојните европски првенства кои следуваат во календарот на ЕХФ.
Оваа средба претставува важен чекор кон унапредување на соработката и развој на македонскиот ракомет на европско ниво.

(фото – РФМ)📷