Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим.

Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на овогодинешното Европско првенство во ракомет за жени кое ќе се одржи Австрија/Унгарија/Швајцарија во периодот 28.11.2024 година до 15.12.2024 година.

Претседателот Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести