Ракометарите и стручниот штаб на Алкалоид беа на пикник за вработените во компанијата “Алкалоид” (ФОТО)

Ракометарите и стручниот штаб на Алкалоид беа дел од пикникот за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер.

Настанот се организира од 2011 година под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а се обезбедија 1,8 милиони денари кои преку Црвениот крст ќе бидат наменети за социјалните сервиси за стари лица.

Општествената одговорност е долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која дејствуваме.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *