Ракометарките на Металург остварија лесна победа против тимот на Деспина со високи 38-18 во Женската Супер лига.
Фаворитот на овој натпревар беше Металург, кога на полувреме имаше високи 19-7, па така во второто полувреме Металург ја завери победата кај Деспина.
Најефикасна во составот на Металург беше Мила Трајковиќ со десет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска исто така со десет гола.
(фото-ЖРК Металург)📷