Ракометарките на Пелистер триумфално против Гевгелија

Ракометарките на Пелистер славеа против ракометарките на Гевгелија со 26-17 во полуфиналето од четвртфиналната група 4 во Купот на Македонија.

Пелистер имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па на полувреме имаше предност од 16-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Пелистер, па на крај да ја совлада Гевгелија.

Најефикасна во тимот на Пелистер беше Моника Босилковска со седум гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Ленче Илкова со осум гола.

(фото – ЖРК Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.