Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мохамед Суси денеска во Тунис беше опериран од зафат на коленото.
Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период.
“Рк Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес врз ракометарот Мохамед Суси успешно беше извршен зафат на коленото. Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период”, – изјавија од Еурофарм Пелистер.
Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Супер лигата до крајот на годината.
Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната. На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷