Ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) продолжува во Богданци.
На 21 февруари со почеток од 13:00 часот во салата “Млаз”, во Богданци ќе биде следната станица на ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија.
Специјални гости на настанот ќе бидат поранешните репрезентативци на Македонија, Ристо Узунчев и Лилјана Новоселска и актуелната репрезентативка на Македонија, Марија Гугуљанова.

(фото – РФМ)📷








