Ракометната Федерација на Македонија одлучи да ги одложи сите денешни натпревари по трагедијата во Кочани, каде загинаа најмалку 70 лица.
“Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство!”, – објавија од РФМ.
Дополнително ќе се објават термините кога ќе бидат одиграни одложените натпревари во сите конкуренции.
Порталот МК Ракомет упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

(фото – РФМ)📷