Ракометната Федерација на Македонија одржа состанок со ЕХФ и ИХФ судиските парови (ФОТО)

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше одржан состанок со ЕХФ и ИХФ судиските парови.

На состанокот се разговараше за принципите на транспарентност, објективност и непристрасност, како и за доследна примена на судиските критериуми во пресрет на натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата во натпреварувачката сезона 2025/26.

“РФМ останува посветена на обезбедување фер и професионални услови за сите учесници во натпреварувањето”, – објавија од Ракометната Федерација на Македонија.

(фото – РФМ)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *