Ракометната федерација на Романија доби нов претседател

Ракометната федерација на Романија избра нов претседател за следните четири години.

Станува збор за Константин Дин кој има 58 години, кој ја презема функцијата од Александру Деду.

„Најпрво, би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на учесниците на Генералното собрание на Ракометната Федерација на Романија од 28 април 2022 година за довербата што ми ја дадоа”, – изјави Константин Дин.

Константин Дин е поранешен судија. Неговиот колега Александру Деду претседател на федерацијата на Романија беше осум години.

(фото-Ракометна Федерација на Романија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести