Ракометна школа Валандово официјално започна со тренинзи и ги отвора вратите за сите кои сакаат да тренираат ракомет деца, млади и возрасни.
Сите заинтересирани од Валандово и околината можат слободно да се приклучат. Пријавувањето е отворено во текот на целата година.
Првиот тренинг на ракометната школа Валандово се одржа за возрасна група над 15 години во спортската сала “Филип Втори”.
(фото – Ракометна школа Валандово)📷











