Ракометниот Клуб Кузман Вардар од Скопје организираше турнир за пионерки, каде учествуваа неколку клубови во женска конкуренција.
Учесници на турнирот беа домаќинот Кузман Вардар, Астибо, Штарк и Ракомет За Секое Дете од Велес.
На овој турнир сите екипи беа победници, и резултатот не се броеше, па така сите екипи играа секој со секого. Доделени беа и индивидуални награди на овој турнир.
(фото – ЖРК Кузман Вардар)📷