ГРК Охрид за новата сезона ги пушти во продажба сезонските билети за сите натпревари, со секој купен сезонски билет следува гратис дрес од клубот.
Следниот викенд ГРК Охрид ја отвора сезоната пред својата публика која домашните натпревари од ракометната 2022/23, ќе може да ги следи и со сезонски карти кои ќе бидат во продажба до сабота, 10 септември, кога е закажан мечот со Рк Прилеп.
Цената на сезонската карта која ќе важи за сите првенствени натпревари во ракометната Супер лига изнесува 1200 денари. Со купена сезонска карта следи гратис дрес на ГРК Охрид.
(фото-ГРК Охрид)📷