Расмус Лауге потпиша за екипата на Силкеборг

Данскиот репрезентативец и ракометар на Веспрем, Расмус Лауге Шмит од следната сезона ќе има нов клуб и се враќа во Данска.

Расмус Лауге потпиша договор со данскиот тим Бјерингбро Силкеборг на пет сезони до 2028 година. Лауге ќе го облечи дресот од летото 2023 година, а доаѓа од екипата на Веспрем, освен за Веспрем настапуваше и за Кил и за Фленсбург, а настапува и за репрезентацијата на Данска.

„Не беше потребно многу убедување. Јасно е дека самиот клуб, но особено Силкеборг има огромно место во моето срце. Искрено посакувам да можам да помогнам да му донесам трофеи на клубот и да го вратам на врвот во лигата“, – вели Расмус Лауге.

(фото – Рк Бјерингбро Силкеборг)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести