Екипата на Вардар ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата.
Вардар на социјалните мрежи објави дека салата “Јане Сандански” е целосно распродадена за дербито со Еурофарм Пелистер.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 7 јуни во сабота со почеток од 19:30 часот во салата “Јане Сандански”, во Скопје.

(фото – Рк Вардар 1961)📷