Ратко Ѓурковиќ го продолжи договорот со Црвена Звезда

Поранешниот тренер на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ го продолжи договорот со екипата на Црвена Звезда.

Договорот е продолжен на уште две сезони. Со црногорскиот стручњак на клупата, Црвена Звезда го обезбеди опстанокот во српскиот шампионат и затоа раководството реши да му ја продолжи соработката.

“Постигнавме договор на обострано задоволство соработката да се продолжи на две години, слободно можам да кажам дека ми е драго поради тоа. Претходните четири месеци се чувствував многу удобно, таа позитивна атмосфера и енергија се пренесе во тимот, завршивме добра работа, а тоа резултираше со продолжување на договорот”, – изјави тренерот Ратко Ѓурковиќ.

Ратко Ѓурковиќ претходно како тренер работеше во Ловќен, Пелистер, Борац Бања Лука и Ал Кураин од Кувајт.

(фото-Рк Црвена Звезда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести