Ратко Ѓурковиќ е нов тренер на Црвена Звезда!

Екипата на Црвена Звезда во продолжението од сезоната ќе влезе со нов тренер, Ратко Ѓурковиќ. Тој беше поранешен репрезентативец на Црна Гора, а беше и поранешен тренер и на Пелистер.

Ратко Ѓурковиќ последниот ангажман како тренер го имаше во Кувајт, во тимот на Ал Кураин, а исто така беше предводник на црногорски Ловќен, Борац од Бања Лука, Ал Рајан и унгарските клубови, Комло и Орошхази.

“Бев срдечно пречекан, запознаен сум со состојбите во тимот и со она што се очекува од нас, ја прифатив работата. Можам да кажам дека ми е драго што моите поранешни соиграчи и од клубовите и од репрезентацијата, почнувајќи од Ненад Перуничиќ, Драган Шкрбиќ и Огњен Кајганиќ, со кои сум во комуникација околу 20 дена, имаа мислење за мене како тренер, човек и професионалец може да ја води Црвена звезда и да заврши добра работа. Тоа беше клучот за доаѓањето. Тоа се луѓе со кои имам многу добри односи, меѓусебно почитување, мислам дека тоа е добра почетна позиција.”- изјави тренерот Ратко Ѓурковиќ.

(фото-Рк Црвена Звезда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести