Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, денес пристигна во Битола. Во друштво на претседателот Зоран Стерјев тој се запозна со ракометарите и вработените во клубoт и во живо го следеше својот нов клуб на натпреварот против Прилеп.
Раул Алонсо ќе започне со тренинзи викендов, ќе биде официјално претставен во понеделник, а ќе дебитира во среда против Фредериција во Лигата на шампионите.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷