Шпанскиот стручњак Раул Алонсо официјално беше претставен пред јавноста и медиумите како нов тренер на Еурофарм Пелистер.
45-годишникот од Мадрид потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг.
Него го дочека спортскиот директор Звонко Шундовски, кој го запозна со клубот, градот и проектот.
Раул позираше со клупски обележја и ќе биде првиот шпански тренер во клубот. Дебито на Раул Алонсо е предвидено за во среда од 20:45 часот на дуелот со Фредериција.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷