Рајн Некар Левен се засили со голман од Лајпциг

Екипата на Рајн Некар Левен се засили со голман кој доаѓа од екипата на Лајпциг.

Џоел Бирлем кој требаше да дојди во Рајн Некар Левен во летото 2023 година, во германската екипа пристигна порано од предвиденото. Екипата на Рајн Некар Левен се договори со екипата на Лајпциг да го ослободи порано голманот и двете екипи се согласија на таков договор. Џоел Бирлем ќе останe во Рајн Некар Левен во сезоната 2023/24 година.

„Навистина со нетрпение очекувам да започнам веднаш и да се зафатам со ова ново поглавје во мојата кариера“,- изјави Џоел Бирлем.

(фото-Рк Рајн Некар Левен)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести